Неверојатен меч меѓу Киргиос и Сепи на Австралија опен

Љубителите на тенисот имаа можност да уживаат во еден од најинтересните мечеви на Отвореното првенство на Австралија.

Во дуелот од 4.коло на Австралија опен, домашниот тенисер Ник Киргиос и Андра Сепи од Италија одиграа меч за паметење, а победникот беше решен дури по 3,5 часа игра.

Откако првите два сета ги доби Италијанецот со 7:5 и 6:4, на задоволство на публиката во Мелбурн, домашниот тенисер Киргијас експресно го доби третиот сет со 6:3. Во четвртиот спасуваше две меч топки на противникот и до израмнување на 2:2 во сетови стигна во тај-брејкот добивајќи го сетот со 7:6.

Драмата на „Мелбурн парк’’, кулминира во решавачкиот пети сет кој траеше 58-минути, а по голема борба Киргиос го доби со 8:6, за конечни 3:2 во сетови.

Со оваа победа Киргиос се пласира во четвртфиналето, што е прв пласман на еден австралиски тенисер меѓу осумте најдобри на Гренд слем турнир по пауза од 10-години, откако 1995 година легендарниот Лејтон Хјуит играше во четвртфиналето на Вимблдон.

Противник на Киргиос во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот кој е во тек; а во кој Енди Мареј води со 1:0 во сетови против бугарскиот тенисер Григор Димитров.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега