Заврши сезоната за легендариот Коби Брајант?

Најдобриот кошаркар на ЛА Лејкерс Коби Брајант го повреди рамото поради што нема да игра до крајот на сезоната, објави ЕСПН.

Брајант се повреди на мечот со Њу Орлеанс во средата, а доколку биде потребен операционен зафат, во тој случај нема да игра до крајот на сезоната.

Како што што објави ЕСПН, најверојатн ситуацијата ќе се одвива во таа насока.

Коби со повредата на рамото се мачи уште од претсезоната, но тоа е само една во низата повреди од минатата сезона поради кои одигра само шест мечеви.

Оваа сезона Брајант во просек бележи 22,3 поени, 5,7 скокови и 5,6 асистенции по натпревар, а договорот со Лејкерси му истекува на крајот од сезоната.

Во четвртокот Коби Брајант по 17-ти пат беше избран за стартер на Ол-стар викендот, но прашање е дали ќе може да настапи.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега