Чикаго го совлада шампионот Сан Антонио

На убедлив начин кошаркарите на Чикаго Булс ја забележаа 28. сезонска победа откако ноќеска го совладаа Сан Антонио со 23 поени разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дерек Роуз со 22 поени, додека Пау Гасол оствари дабл-дабл 12 поени и 17 скокови. Кај Сан Антонио се истакна Кавај Леонард со 16 поени.

Постигнати резултати на НБА натпреварите одигра ноќеска:

Чикаго - Сан Антонио 104:81,
Милвоки - Јута 99:101,
Портланд - Бостон 89:90 и
ЛА Клиперс - Бруклин 123:84.

Табела Источна конференција: Атланта 35-8 (победи-порази), Вашингтон 29-14, Торонто 27-15, Чикаго 28-16, Кливленд 23-20, Милвоки 21-21,...

Табела Западна конференција: Голден Стејт 34-6, Мемфис 30-12, Портланд 31-13, Далас 30-13, ЛА Клиперс 29-14, Хјустон 29-14, Сан Антонио 27-17, Феникс 26-18... 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега