Јоноски за босанските медиуми: Играте добра одбрана, нека победи подобриот

 

„Столбот“ во одбраната на македонската ракометна репрезентација Ацо Јоноски пред утрешниот дуел со Босна и Херцеговина за медиумите од оваа земја изјави дека очекува тежок натпревар со оглед на цврстата одбрана на противникот.

- Босна и Херцеговина е многу квалитетна репрезентација предводена од добар тренер. Имаат добра стратегија, играат цврсто во одбраната, знаеме што не очекува со нив. Посакувам добар натпревар, фер игра и да победи подобриот, истакнува Јоноски.

По првите две кола во Б групата на Светското првенство во Катар, Македонија има максимални четири бода (победи над Тунис и Иран), а Босна и Херцеговина освои два бода (победа над Иран и пораз од Австрија). 

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега