Прибак: Се истрошивме емотивно и физички против Тунис

Еден од најдобрите поединци на мечот против Иран и победата од 33:31 во нашиот состав беше Немања Прибак кој натпреварот го заврши со пет погодоци.

Тој вели дека причината за тесната победа против Иран е тоа што на првиот натпревар против Тунис, ракометарите се истрошиле физички, но и емотивно.

-Го добивме натпреварот потешко отколку што мислевме. Се истрошивме против Тунис емотивно и физички. Потешкиот противник го добивме полесно. Но, тоа е карактеристично за менталитетот на нашите простори. Следна е БиХ, екипа која го елиминираше Исланд во баражот. Мораме да ги сфатиме сериозно исто како Тунис, ако сакаме да победиме. Против Иранците знаевме дека сме поквалитетни и потсвесно ги потценивме, вели Прибак.

Тој водно додава дека Македонија е далеку поискусна од Иран и тоа беше причината за победата, бидејќи во една ваква ситуација, при еден таков тесен резултат, искуството е клучно.

Прибак воедно додава дека Македонија групната фаза ќе ја заврши на второто место, иако потенцира дека би сакал токму тие да бидат првите кои на Хрватска ќе и го нанесат првиот пораз, иако „Коцкестите“ се големи фаворити.

Македонија денеска е слободна, утре игра против БиХ во 17:00 часот, на 21.јануари во истиот термин ќе играме против Хрватска, а групната фаза ја завршуваме против Австрија на 23-ти јануари.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега