Панчев проговори за големата неправда која била направена врз него

Изборот на Жан Пјер Папен за најдобар фудбалер на светот во 1991.година по изборот на „Франс Фудбал“ и денеска го иритира некогашниот македонски фудбалер Дарко Панчев.

Црвена звезда таа година ги покори Европа и светот, но престижната награда замина во рацете на тогашниот член на Олимпик Марсеј, клуб против кој тимот од Белград славеше во финалето од Купот на европските шампиони или денешната Лига на шампиони.

Второто место го поделија Дејан Савичевиќ, Дарко Панчев (најдобар стрелец) и Лотар Матеус.

-Бевме прваци на Европа и светот. Една година претходно со репрезентацијата го освоивме петото место на Мундијалот во Италија, но не можевме против Папен. Тој не освои ништо, но западно-европското лоби на чело со Франција и „Франс Фудбал“ направија скандалозен избор и топката замина во негови раце, изјави Дарко Панчев за весникот „Македонски Спорт“.

Панчев не се фаворизира себе си, туку смета дека наградата можеше да замине во рацете на Дејан Савичевиќ.

-Сепак, Европа и медиумите не ги сакаат играчите од Истокот и тоа имаше влијание на конечната одлука. Мислам дека не е нормално само двајца играчи од Источна Европа од 1991.година да бидат наградени со „Златна топка“, Андреј Шевченко и Христо Стоичков, вели Панчев.

-Од 1991.година на наваму на тронот се почесто се играчи кои немаат трофеји. Оваа година требаше да победи оној кој беше маска во позадина на Лионел Меси и Роналдо, алудира Панчев на голманот на Баерн Минхен Мануел Нојер.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега