Наумче Мојсовски: Работев напорно, ослабев 5-6 килограми (ВИДЕО)

Нешто повеќе од една година од неговата сериозна повреда во дресот на Металург, Наумче Мојсовски се врати во вистински момент и не се штедеше во најважниот меч во групната фаза во Доха.

Мојсовски колку што се радуваше за победата на тимот, по мечот беше среќен и што уште еднаш покажа дека ова е нов негов почеток, а на репрезентацијата и тоа како му е потребен.

-Секако дека охрабрува оваа победа против Тунис и кај мене и кај тимот. Имаше еден вид бариера, долг вакум, долг период мина од скоро една година како не играм вака важен натпревар. И јас бев малку во грч, но минав добри 25 дена подготовки, работев максимално силно и посветено. Ослабев 5-6 килограми и се надевам дека ова не е само една добра партија. Видов дека се движам лесно, финтирам лесно и само да нема такви повреди и се ќе биде во ред, рече Мојсовски.

Превземено од lazarovkiril7.com

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега