Голужа: Браво Македонци, одигравте лавовски!

Убедливата победа на Македонија против Тунис од 33:25 изненади многумина ракометни стручњаци.

Тунис е цврста селекција, за која се верува дека има одлична одбрана, но македонските ракометари ја „наполнија“ нивната мрежа.

Честитки за победата стигнуваат од сите страни, па и од селекторот на Хрватска Славко Голужа.

- Да не се лажеме, Тунис е добра репрезентација која воопшто не одигра лошо, но вашиот национален тим успеа целосно да ги надигра и да слави со осум гола. Клучно беше што игравте многу храбро, како лавови, бевте подготвени за ќотек и од противниците, но исто така и за да бидете доволно груби, вели меѓудругото Голужа за спортскиот портал„Екипа“ .

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега