Лазаров: Ова е само почеток, одиме чекор по чекор! (ВИДЕО)

Како и на европското првенство во Данска, на првата средба капитенот Кирил Лазаров беше двоцифрен и ја поведе нашата селекција до многу важна победа, во која Македонија покажа карактер, но и зрелост на генерацијата:

„Искрено, не очекував дека ќе победиме со толку висока разлика. Очекував тешка борба, но се покажа дека многу добро го прочитавме и го изанализиравме противникот што ни донесе голем триумф. Среќен сум и задоволен по овој триумф, и не се плашам дека ќе полетаме во облаци по овој голем триумф. Но, се плашам дека прерано влеговме во посакуваната форма. Ова е само почеток, кој нема да нѐ направи премногу горди и задоволни за да не продолжиме во ист ритам„ заклучи Лазаров по средбата.

 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега