Миркуловски: Навикнат сум да јадам ќотек!

Средниот бек на македонската репрезентација, Филип Миркуловски по големата победа над Тунис на воведниот меч на СП изјави дека е презадоволен од настапот на почетокот на Мундијалот, додавајќи и тој дека не очекувал толку лесно да стигнат до победата.

„-Долги годиини играме заедно и не треба да подлегнуваме на провокации, жестока игра. Јас сум навикнат да јадам ќотек и тоа не е проблем. Искрено, мило ми е што победивме, ама искрено не очекував дека вака лесно да триумфираме. Одигравме многу концентрирано и треба така да продолжиме. Ние се што се договоривме го исполнивме и сега не треба да се опуштаме. Ова е само прво коло, има уште четири меча и во секој треба да бидеме максимално подготвени. Утре играме со Иран и нема никакво опуштање. Максимално одиме на победа“, изјави Миркуловски по мечот, пренесе Спортмедиа.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега