Лазаров се огласи за утрешиот меч против Тунис

Позитивна атмосфера и оптимизам владее во нашата репрезентација пред одигрувањето на средбата со Тунис -првата на Светскиот шампионат во Катар.

„Имаме искуство со натпревари со нив што пријателски што официјални средби. Ги познаваме нивните играчи тоа се стари искусни и добри играчи кои што играле или играат во топ 10 или 15 клубови во Европа така што неможат ниту тие нас ниту ние нив многу да ги изненадиме. Едноставно ни е потребен само целосен фокус , максимална реализација и борбеност во одбраната. Мислам дека сме добро физички подготвени можеби и досега најдобро од моето лично искуство од натпреварите со репрезентација. Во првите десет минути ќе се види нивната тактика, доколку тие почнат да излегуваат на нашите поискусни играчи одговорноста ќе мора да ја преземат помладите. Треба да се прочитаат во тие први минути по што би имале една појасна слика. Но ништо не може да се претпоствува тие имаат и еден навистина одличен тренер кој во последните 10 -20 години важи за еден од најдобрите во Европа и светот, наша школа Југословенска школа што не дозволува многу предвидувања. Значи треба да очекуваме агресивност и на неа мораме да одговориме најдобро што знаеме.“ -изјави за Алфа капитенот Кире Лазаров.

„Имаме пред себе една добра репрезентација која е многу квалитетна и со многу искусни играчи.

Добро ја познаваме нивната игра и нивните предности и слабости, добро ги анализиравме и мислам дека имаме добра шанса за позитивен резултат на утрешната средба. Нема да биде лесно за победникот ќе решаваат нијанси но мислам дека на крајот ќе излеземе како победници.“ -додаде Гоце Георгиевски.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега