Анри „ќе дебитира“ со Манчестер Сити и Арсенал

Познатиот француски репрезентативец Тјери Анри ќе дебитира на „Скајспорт“ како коментатор веќе за викенд првенствената рунда.

Друштво во англиското дерби ќе му прави славниот шкотски фудбалер и тренер Грег Сунес.

Омилениот фудбалер на фановите на Арсенал ќе го коментира дуелот во Манчестер каде неговиот поранешен клуб во недела ќе игра со Сити.

Се шпекулираше дека Анри е подготвен за договор и за шест години ќе заработи дури 24 милиони фунти.

Ова нема да биде прв пат да настапува за телевизија бидејќи тоа го прваеше и за време на Мундијалот во Бразил претходната година, за Би -Би-Си.

Играјќи за Франција Тјери Анри го освои Светското фудбалско првенство во 1998 година и Европскиот шампионат во 2000 година, додека одличен беше во Арсенал каде на 258 натпревари постигна 175 погодоци.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа