ФОТО: Даниел Кајмакоски на голот во Катар?!

Популарниот Даниел Кајмакоски веќе е во Доха да ја поддржи нашата ракометна репрезентација.

Денеска во спортската сала „Lusail Hall“ во Доха, пред публиката во салата, но и пред целиот свет, Кајмакоски заедно со уште 24 изведувачи од земјите учеснички на првенството ќе ја отпее химната „Live it“ создадена специјално за овој настан.

Нашиот евровизиски претставник секојдневно не чести со фотографии оттаму, а последната објавена на неговиот Фејсбук профил дополнително ја вжешти атмосферата.

„Македонијо, дали си подготвена“ е описот на фотографијата на која Даниел брани на гол, а под која се напишаа бројни коментари.

Даниел вечерва ќе пее, а голот ќе им го препушти на оние кои се најдобри во тоа.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега