Исповед на фудбалерка: Морав да се соблечам гола, за да им докажам дека сум женско

Џеновева Анонма, фудбалерка од Екваторијална Гвинеја која настапува за германскиот Турбине Потсдам за Би-Би-Си откри понижувачки детали од нејзината кариера.

Таа е една од најдобрите африкански фудбалерки. Напаѓачката на германскиот Турбине Потсдам, тим за кој игра и македонската најдобра фудбалерка Наташа Андонова, за Би-Би-Си откри понижувачки моменти низ кои морала да помине по финалето на африканското првенство.

Противничката екипа ја обвинила дека е машко. Никој не застанал во нејзина одбрана.

Анонма беше ѕвезда на африканското првенство во 2008-ма година. Постигна гол за победа од 2:1 на Екваторијална Гвинеја, но од пртивничката екипа на Јужна Африка, по мечот ја обвиниле дека е машко.

Барале проверка на полот, а од Афиканскиот сојуз се согласиле на такво нешто и без човечност и срам ја натерале фудбалерката да се соблече, целосно.

-Бараа од мене да се соблечам гола пред челниците на африканскиот фудбалски сојуз и целата моја екипа. Бев многу потресена. Плачев. Тоа беше понижувачко искуство, но некако го заборавив тоа, вели Анонма.

 Инаку, таа од 2011-та година е членка на германскиот тим Турбине Потсдам, а на 59 одиграни натпревари има постигнато 51 гол.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега