Роналдо најдобар стрелец во евро-квалификациите

   
 
Ширум Европа во тек се квалификациски натпревари за ЕУРО 2016. а од синоќа нов рекордер по постигнати голови е Кристијано Роналдо.
 
Португалскиот напаѓач го постигна голот вреден победа за неговата репрезентација на гостувањето кај Ерменија и воедно постана најефикасен фудбалер во квалификациски дуели.
 
Роналдо води на вечната листа на најдобри стрелци со 23 погодоци, потиснувајќи го Данецот Џон Томасон на второто место со 22 голови.
 
Во ТОП 5 на оваа листа се наоѓаат и Роби Кин (Ирска), Јан Колер (Чешка) и Хакан Шукур (Турција) кои имаат постигнато по 21 гол.
15.11.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега