Далас ја постигна најубедливата победа во историјата

   

 

Кошаркарите на Далас ноќеска ја постигнаа најубедливата победа во клупската историја откако ја победија Филаделфија со 53 поени разлика 123:70. Рекордот на Далас досега изнесуваше 50 поени разлика против Њујорк (јануари 2010 година). Филаделфија е единствената екипа во НБА лигата без победа сезонава (0-8), а за утеха им останува дека третиот период од дуелот со Далас го добија со 24:22. Најефикасен на натпреварот беше Дирк Новицки со 21 поен.

Вечерва се играат десет натпревари: Индијана – Денвер, Орландо – Милвоки, Атланта – Мајами, Бостон – Кливленд, Њујорк – Јута, Хјустон – Филаделфија, Њу Орлеанс – Минесота, Оклахома Сити – Детроит, Феникс – Шарлот и ЛА Лејкерс – Сан Антонио.

14.11.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега