Димевски: Наместо да работи за што е добро платен, Јосифовски манипулира?!

На прес конференцијата на комесарот за натпревари при МКФ, Бобан Јосифовски , претседателот на федерацијата Даниел Димевски во изјава за порталот  Derbi.mk обвини дека со барањето негова оставка комесарот сака да се скрие зад пропустите што ги направил: 

„Прво, сакам веднаш да му одговорам на господинот Јосифовски дека никој не е вечен на местото претседател на МКФ. Јас, Даниел Димевски, сум таму исклучиво според волјата на клубовите во минатите 10 години и ќе бидам се додека таа волја постои. Тие се оние што се единствено повикани да го постават тоа прашање, а во конкретниот случај, последен што може да го постави прашањето за мојот кредибилитет е комесарот. Очигледно, тој е соочен со сите пропусти кои ги направил во својата постапка, сака да ги маскира со ваква бомбастична прес конференција, наместо да се фати за работа, за која е добро платен, и согласно деталните и прецизни упатства од Арбитражната комисија, со стриктно почитување на актите на МКФ, за да дојде до праведна, правична и законски издржана одлука, базирана на факти и конкретни докази. Од позиција на најодговорен за работењето на МКФ, му порачувам на комесарот стриктно да се држи до актите на МКФ, за што е обврзан, како и веднаш да почне да постапува по дадените упатства од Арбитражната комисија, наместо да бара од Здружението на клубовите вонинституционално решавање на проблемот. Во неговото настанување, тој има личен удел за што не може да се амнестира со барање некој друг да одговара наместо него,- рече Димевски за „Дерби.мк“.
13.11.2014 - 20:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега