Икер Касиљас рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампиони

Голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас синоќа во победата на својот клуб над Ливерпул го забележа својот 144. настап во елитното фудбалско натпреварување и со тоа стана рекордер по бројот на одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Касиљас во чекор е следен од Чави кој има само еден настап помалку од чуварот на мрежата на актуелниот европски првак.

Барселона вечерва гостува во Амстердам кај Ајакс и со евентуален настап Чави би го изедначил рекордот на Касиљас.

05.11.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега