Вечното дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром во „Градски парк“

Најтрофејниот македонски клуб Работнички ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром, екипата која доминира последниве три години на домашната кошаркарска сцена.

Предноста на Работнички е домашниот терен како и искусниот центарски тандем Тодор Гечевски – Ѓорѓи Чековски.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром се соочуваше со турбуленции последниов период, смена на тренерот, како и смена на неколку кошаркари, но сепак на нивна страна е поголемиот број поквалитетни играчи, односно подолгата клупа.

Останува да се види дали тренерот на аеродромци Врбица Стефанов и покрај кусото време за подготовка за овој натпревар ќе успее тактички да му се спротивстави на искусниот Марин Докузовски.

Од таборот на Работнички најавуваат кошаркарски спектакл.

Дуелот Работнички – МЗТ Скопје Аеродром ќе почне во 18 часот и 30 минути во салата „Градски парк“, а ќе се игра во рамките на 4.коло од Првата кошаркарска лига.

05.11.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега