Марадона повторно осомничен дека ја тепа својата девојка

Некогашната фудбалска ѕвезда Диего Марадона одново е осомничен дека ја тепа својата поранешна свршеница, сега повремена девојка, Росио Олива.

Еден 30 секунди долг, снимен материјал е прикажан на аргентинската телевизија, направен во неговата вила во Буенос Аирес. На него се гледа како разгневениот Марадона (53) фрла мобилни телефони по Олива (24), откако тие давјцата претходно се расправале.

Од снимениот материјал се слуша како Марадона бара од неа да престане да гледа во мобилниот, па откако девојката одбива да го послуша, по неа полетале мобилните телефони кои му се нашле при рака, а таа вреска и го моли да не ја тепа.

Снимката ја направила Росио Олива, со нејзиниот мобилен, но не се знае како материјалот се нашол на телевизјата за прикажување, ниту кога точно е направен.

Се претпоставува дека инцидентот се случил на почетокот од овој месец, кога Марадона кој сега живее во Дубаи, беше во Аргентина за да го посети својот болен татко.

Тој не порекнува дека фрлал телефони по Олива, но тврди дека не ја натепал. - Се колнам,дека никогаш во животот не сум удрил некоја жена, изјави Марадона.

Оние кој го познаваат, меѓутоа, велат дека не е првпат Марадона да биде обвинуван за физичко насилство врз своите партнерки и посебно врз младата Олива. Нејзината тетка изјавила за аргентинските весници дека Диего е „психопат и насилник“ кој сака и тепа жени.

Марадона и Олива еднаш беа во слична ситуација, кога за време на една нивна расправија, во текот на патувањето со авион, тој почнал да ја дави, стегајќи ја за вратот.

Според весниците во Буенос Аирес, од прикажаната снимка, на која „разбеснетиот“ Марадона се расправа со Олива, се гледа дека тој се тетерави и се верува оти тоа е последица на неговото повторно враќање кон дрогата и посебно кон кокаинот.

04.11.2014 - 16:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега