ЖРК Вардар победи, но не импресионираше со играта

Најефикасната ракометарка на Вардар во синоќешната победа против Турингер, Андреа Пенезиќ, го искажа своето задоволство од првите бодови на прес-конференцијата по натпреварот. Сепак, посочи дека играта може да биде и подобра, зашто тие влегле во овој меч во грч и под притисок.

- Задоволна сум од победата, но не и од играта. Се согласувам дека нашата игра има уште простор за напредок. Денеска повторно отворивме во грч, не бевме опуштени, но некако се кренавме кон крајот. Но, нема време да се размислува за она што се случи, задоволни сме од победата и одиме понатаму, изјави Пенезиќ.

Истата реакција ја имаше и тренерот Индира Кастратовиќ, велејќи дека ова е само почеток и дека ракометарките ќе бидат подобри од натпревар во натпревар.

- Девојките одиграа подобро отколку во Подгорица, но се уште не сум задоволна со играта. Денеска имавме и притисок зашто игравме прв натпревар во новата сала. Ракометарките чувствуваа како да мора да победат. Јас сум сигурна дека од натпревар во натпревар овие ракометарки ќе покажат повеќе и повеќе. Ѝ благодарам и на публиката која дојде да не бодри. Се надевам дека таа ќе биде побројна на следните дуели, рече Кастратовиќ.

26.10.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега