Николова: ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска криза дејствува на штета на граѓаните

„Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го блокираа законското решение со кое од Европската банка за обнова и развој требаше да се обезбедат 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза. По неколкумесечни блокади ЕБОР ги повлече средствата бидејќи тие веќе не можеле да бидат замрзнати и ги пренаменила за други држави“ рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.Таа посочи дека „заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош и тоа во време на криза, кога тешко во светот тешко се доаѓа до заеми и друг вид на финансиска помош“.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно лажеа дека услов за овој заем било затворањето на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска со месеци не го потпишуваше заемот. Како ниту една опозиција во светот, ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска и енергетска криза дејствува на штета на граѓаните и државата“ рече Николова.

05.11.2022 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега