Несреќа во Маврово: Мотоцикл излета од патот, две лица однесени во болница

Момче и девојка се здобиле со телесни повреди откако доживеале сообраќајна несреќа на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови.

- Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „хонда“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван 38-годишниот Б.Н. од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Извршен бил увид - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега