На Косово да не му се случи Босна – Ахмети со апел до меѓународната заедница

 

Меѓународната заедница да не го повтори случајот со Босна и Херцеговина во договорот за помирување помеѓу Косово и Србија. Ваква порака испрати претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети од настан во тетовско Селце, коментирајќи ја  претстојната средба во Охрид помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ахмети ги охрабрува косовските власти, премиерот, претседателот на Собранието и претседателот, пратениците и опозицијата на 18 март во Охрид да се донесе стабилна и правична одлука за Косово конечно влегува на патот без враќање на интеграциите во светските структури на ОН, НАТО и ЕУ.

„Ги охрабруваме властите без двоумење да одлучат за иднината на Косово и тие го имаат нашиот грб. Апелираме и до меѓународната заедница, до посредниците за овој договор за помирување, да не се случи случајот со Босна, каде Босна е нефункционална држава и лош пример, затоа секое решение што ќе се постигне на 18 март во Охрид, треба да биде во служба на решението, траен мир и во целосна согласност со авторитетот на Косово како легитимен претставник на илјадници и илјадници жртви“ изјави Ахмети.

14.03.2023 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега