На 11 мај, САД ќе ја укинат вонредната состојба воведена за борба против корона вирусот

 

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска соопшти дека на 11 мај ќе ја укине вонредната состојба прогласена поради епидемијата на Ковид-19, речиси три години откако земјата воведе сеопфатни мерки за борба и сузбивање на коронавирусот.

Во 2020 година, претходната администрација на претседателот Доналд Трамп воведе национална вонредна состојба поради корона вирусот и вонредна состојба во јавното здравство, потсетува Ројтерс.

Бајден постојано ги продолжуваше тие мерки,пренесе Танјуг.

31.01.2023 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега