Мисајловски: Ние не сме против изградба на автопатишта, но не на ваков начин и ваков договор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека тие не се против изградба на автопатишта, но не на ваков начин.

-Ние не сме против изградба на автопат, секој е одлична работа, но не на ваков начин и ваков договор, вели Мисајловски.

Мисајловски, исто така го демантираше првиот вицепремиер Артан Груби, кој истакна дека имале средба за „Бехтел и Енка“.

-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за Бехтел и Енка немало, вели Мисајловски.

26.04.2023 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега