Милошоски: Во самото владејачко мнозинство има поединци кои не поддржуваат уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ има кохезивна пратеничка група, но тоа што го забележавме во времето за изгласување на францускиот предлог каде се забележа во самото Собрание дека има поединци и пратеници од владејачкото мнозинство кои беа воздржани и не се расположени за таков чекор“, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
 
Милошоски смета дека и во самото владејачко мнозинство , има поединци  кои размислуваат поинаку од онаа проголтана лента која цело време ја вергла Ковачевски дека има мнозинство и ќе ги направи тие уставни измени.
 
„Ако власта смета дека времето се скапоцено, а дека ова прашање е битно и можат да го направат тогаш нека не губат време и уште  утре нека поднесат иницијатива за уставни измени, но власта со самата средба денес која беше медиумско политички настан пред се и власта покажа дека нема мнозинство“, рече Милошоски.
 
Милошоски потенцираше дека Владата се однесува сервилно кон интересите на туѓите влади.
 
„Кога имаме сервилна влада тогаш и земји кои не се очекува да постават услови, можат да постават услови и да ги прифатите, наспроти мислењето на јавноста или мнозинството“, вели Милошоски.
07.11.2022 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега