Милошоски: Владејачкото мнозинство денеска ќе бара изговор за пратениците да не го добијат Договорот со „Бехтел и Енка“

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски обвинува дека владејачкото мнозинство се обидува да најде изговори за пратениците да не го добијат договорот за изградбата на Коридорите 8 и 10д кои Владата ги потпиша со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Пратениците од опозицијата бараат да го добијат Договорот со „Бехтел и Енка“, но владејачкото мнозинство е на ставот дека треба да се направи презентација на овој договор.

-Во Собранието денеска владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува, вели Милошоски.

Пратеникот потсетува дека матична Комисија во Собранието каде треба да се разгледува Договорот е само Комисијата за транпорт, врски и екологија.

-Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност.

 

02.05.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега