Мицкоски: Нема мнозинство за уставни измени

Она што можам да го заклучам е дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен след на настаните е Парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентрани избори, нагласи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска по лидерската средба во Собранието.

Тој ја критикуваше власта за она што се разговарало на лидерската средба. Истакна дека наместо за реалните проблеми со кои во моментов се соочуваат граѓаните, тие разговарале за отворање на Уставот и бараните уставни измени.

– Единствената тема којашто беше во нивен фокус е тоа што нив ги интересира за дефукус од ова се каде што се тие неуспешни, а тоа се т.н уставни измени под превезот на некаква си еврпска иднина, потенцираше Мицкоски.

07.11.2022 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега