Маж загинал на лице место: Со камион излетал од патот кај место викано „Костов мост“

 

Маж загинал на лице место во сообраќајна несреќа откако со товарно возило изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

„На 02.09.2020 во 21.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Костов мост“, товарно моторно возило „застава 8310“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(54) од с.Двориште, беровско, излетало од патот“ соопштува полицијата.

На местото на настанот починал А.М. Извршен бил увид од екипа на  Полициската станица Берово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега