Маж со тешки повреди донесен на Клиника: Трактор се придвижил и со едната гума поминал преку неговото тело

 

Вчера вечер во 20 часот и 30 минути во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен К.Ј.(61) од с.Љубанци, скопско.

Според пријавеното, во нива во село Љубанци, К.Ј. сакајќи да го стартува неговиот трактор со помош на жица, тракторот се придвижил и со едната гума поминал преку неговото тело.

Се работи на расчистување на случајот.      

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега