Лозановска: ЕУ не оценува со нула за напредок во здравствениот систем

„За жал со СДСМ и ДУИ се е можно. Ова се повторува затоа што веќе е видено во 2006-та година, истото и тогаш беше како што е и сега. Тогаш се сеќавам кога имав дежурство во аптеката, многупати имам кажано си купував лекови за итни случаеви и одев на дежурство, затоа што немав обичен лек којшто чини 10 денари. Така да и сега истото се случува со нашето здравство, за жал тоа е така. Здравството ни е девастирано, во изминатите шест години не видовме ништо во здравствениот систем да оди напред. Од сите оние ветувања што ги даваа за жал назадување во здравството добивме. И Европската Унија не оценува со оценка нула за напредокот во здравствениот систем“, истакна Олга Лозановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Лозановска додаде дека КОВИД пандемијата ги извади сите недостатоци на површина што ги има во здравствениот систем. Македонија како се справи со КОВИД пандемијата говорат бројките, бројот на починати. Па тука говори и самото набавување на вакцини, колку вакцини се набавија, па немаше ниту КОВИД тестови.

„КОВИД пандемијата беше лекција која што СДСМ за жал воопшто не ја научи. Власта и понатаму продолжува со истото темпо на менување на министри, а здравството уназадува наместо да оди напред. Не видовме ниту една реформа во здравството, ниеден закон не видовме освен закон за легализација на марихуана, законот за приватизација на радиодијагностика, приватизација на трансплатација. Имаме примарно, секундарно и терциерно здравство, примарното здравство кај нас воопшто не функционира. Немаме скрининг тестови за малигни заболувања, за хронични заболувања. И најстрашно нема инсулин, нема ленти за мерење на шеќер, нема Трикафта“, нагласи Лозановска.

 

Таа посочи дека само осум пациенти со цистична фиброза ќе го примат лекот Трикафта, но што ќе се случи со другите луѓе. Кој ја направи таа селекција кој да го прими лекот, запраша пратеничката.

18.04.2023 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега