Љутков: Граѓаните живеат во беда и сиромаштија, а владата не прави ништо да им го подобри животот

Во рамките на акцијата „Ова е Македонија, Македонија за сите“ Зоран Љутков и неговиот тим беа во посета на Петровец и Ржаничино каде што разговараа со жителите за нивните суштински проблеми кои што, воедно, се многу задоволни од работата на локалната власт, но многу се разочарани од централната која нема издвоено ниту еден денар за реализирање на проекти во општината кои би го подобриле живеењето на граѓаните.

„Жителите се разочарани, конкретно од централната власт и она што до сега е изградено, сите проекти, сите зафати кои што се направени во општината се финансирани единствено и само од општина Петровец. Општината нема добиено ниту еден денар од централната власт. Затоа им ветивме на граѓаните дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт на следните парламентарни избори, посебно внимание ќе се обрне на општина Петровец и на проектите за кои што ќе имаат од централната власт“, истакна Љутков.

Предводувајќи го својот тим во рамките на акцијата, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски беа во посета на населените места Бач, Живојно, Гермијан во општина Новаци од каде што посочи дека влада беа собрани во пелагонскиот регион, при што и премиерот во улога на некој редар со зелено знаменце, да поставуваат камен темелник на автопат кој никој не знае каде ќе поминува.

„Овие луѓе во овој дел на Македонија ја чувствуваат целата беда и немаштија која е зачинета со огромниот криминал кој ја разнебитува нашата држава по сите основи. Не е лошо да се напомене дека 500 илјади жители во Македонија живеат на прагот на сиромаштија со 150 денари, од нив 33 илјади се на дното на самата беда и сиромаштија, неможејќи ни те 150 денари на ден да ги обезбедат“, рече Коњановски.

Драган Ковачки со неговиот тим беше во посета на населените места Чифлик, Умлена и Робово, кои се наоѓаат во Општина Пехчево каде истакна дека централната власт целосно ги има заборавени овие населени места, каде што јасно се гледа дека нема никаква поддршка за подобрување на инфраструктурата иако од страна на ВМРО-ДПМНЕ, постојано во македонското Собрание, бараат интервенции во буџетот.

„Последното што го побаравме беа 620 илјади евра за изградба, односно инфраструктуро поврзување токму на овие три населени места и истите беа одбиени. Централната власт наоѓа пари за изградба на еден километар автопат за коридорот 8, 20 милиони евра кои што ќе бидат потрошени за провизии за полнење на џебовите на Ковачевски и на Груби, а нема пари за да ги поврзе овие три населени места“, рече Ковачки.

 
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска при теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ “ посочи дека власта во процедура става закон со кој сака работните саати дасезголемат.

„Потчинетите СДСМ влегуваат во многу лоша состојба со тоа што ги кршат законите и нормите кон европското членство. Денес имаме во Собранието поднесен закон за работни односи кој треба да се менува иако е веќе усогласен со европското законодавство, а при тоа во исто време СДСМ и ДУИ се фалат дека имаме скрининг од страна на ЕУ токму за усогласувањето на законите со европските закони“, изјави таа.

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски ги посети населените места Велестово, Рача, Трпејца и Рамне во охридскиот регион во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.  Тој посочи дека од средбите со граѓаните веднаш се забележува незадоволството од централната власт, бидејќи истата го направи животот неподнослив.

„Цените на основните прехранбени продукти, на струјата, на горивата се неколку пати зголемени, а со тоа се удира по стандардот на граѓаните. Единствена светла точка во овие населени места е локалната самоуправа која во рамки на своите надлежности и можности ги решава проблемите на луѓето од населените места“, рече Аџиоски.

13.05.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега