Левица: Останува закочен Законот за експлоатација на работници поради амандманите на нашата партија

„Предлог-законот со кој пратениците на ДУИ и СДС предлагаат прекувремена работа на работниците, во случаите кои се од национален и стратегиски интерес (како проектот „Бехтел и Енка“) повторно не е ставен на дневен ред, благодарение на блокадата на Левица“, ваква порака испраќаат од Левица во соопштение испратено до медиумите.

„Претседателот на собраниската комисија, Елми Азири, потврди дека нема да ја закаже седницата на Комисијата за работни односи, поради блокадата од Левица. Во духот на насилничкото владеење на хибридниот режим, Азири најави дека се бараат “механизми” за заобиколување на 1.111-те поднесени амандмани на пратениците од Левица. Овие амандмани беа поднесени со цел да спречиме легализација на феудалистичката експлоатација на македонскиот работник, предвиден со скандалозниот договор со „Бехтел и Eнка”, кој останува да биде таен за јавноста.

Азири воедно се закани дека бараат начин како оваа наша блокада да ја заобиколат преку шверц на предлог-измените со европско знаме! Доколку криминалната власт на СДС и ДУИ се обиде на ваков начин, „со европско знаменце“ да го прошверцуваат законот, по падот на овој криминален режим ќе одговараат кривично, бидејќи со промените директно се крши одредбата која минатата година беше укината од страна на Уставниот суд“, стои во реакцијата на Левица испратена до медиумите.

24.04.2023 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега