Левица обвинува: Народниот правобранител со 40.000 евра, пари на граѓаните, се поднови со нов Џип

 

Народниот правобранител и кандидат за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, се поднови со нов автомобил од американскиот бренд Jeep Compass, за кој се потрошени 2,4 милиони денари, или близу 40 илјади евра пари на граѓаните. Ова го посочија од партијата Левица.

„Новото возило може да ги задоволи и најпребирливите вкусови и во него има вградено радио со екран на допир, предупредување за замор кај возач, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци и слично. Досега, во возниот парк на оваа институција беа застапени возилата од марките Фолксваген, Шкода и Пежо. За функционирање на возниот парк во просек годишно се трошат над 40 илјади евра за гориво, осигурување на патници, резервни делови, поправки, технички прегледи и слично. Колку ли сега оваа луксузирање дополнително ќе ги чини граѓаните?“, велат од партијата во најновото соопштение.

Како што дополнуваат, незадоволството на граѓаните од ден на ден расте, додека кадровските решенија на ДУИ ја руинираат секоја институција со која раководат.

„Покрај луксузирањето и трошење на народни пари во непродуктивните трошоци, граѓаните се незадоволни и од нетранспарентното и селективно постапување на Зибери! Како независна државна институција, наместо да застане во заштита на сите граѓани и нивните права, наместо да укаже на потенцијална корупција која е на штета на граѓаните, истата е дел од лошата практика. Ваквото недомаќинско и неодговорно однесување на штета на граѓаните е целосно неоправдано, дополнуваар од Левица.

Според нив , институцијата Народен правобранител треба да биде пример на одговорно, транспарентно и отчетно работење во интерес на граѓаните.

29.04.2023 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега