Левица бара Џамбаски да се прогласи за персона нон грата, откако му се закани на Пендаровски со атентат

Загрозена е е безбедноста на државата со субверзија на народниот суверенитет, изразен во функциите на власта - преку закана за атентат на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија од страна на бугарскиот политичар, европратеник, терорист и фашист Ангел Џамбазки, реагираат од Левица во писмен допис до медиумите. 

Тие бараат од Пендаровски да го прогласи Џамбазки персона нон грата, односно да не му дозволат да влезе во земјава. А доколку претседателот и Владата не го реализираат овој чекор, бараат нивни оставки и предвремени избори.

„Доколку Ангел Џамбазки, после ваквите отворени закани, влезе на територијата на Република Македонија, Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија веднаш да дадат оставка и да се закажат избори на сите нивоа поради нивната неспособност да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката.

Во спротивно, нивниот опстанок на власт дополнително ја подрива националната безбедност, со кој виталните државни институции се ставаат под контрола на бугарските тајни служби“, стои во реакцијата на опозициската партија.

 
 
25.01.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега