Лекот Ивермектин итно повлечен од аптеките во Хрватска


Лекот Ивермектин се користеше за време на пандемијата на Ковид. Хрватската агенција за лекови пишува дека сега итно се повлекува од аптеките поради нерегуларности во квалитетот поврзани со контаминација која не претставува опасност по здравјето.

Компанијата Медика, дистрибутер на ивермектин, во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Република Хрватска, ја повлекува серија 2414239A од овој лек од хрватскиот пазар.

Во Хрватска нема лек со иста активна супстанција во иста фармацевтска форма, затоа ивермектинот ќе се купува по исклучок по барање на здравствена установа или за неопходни случаи на лекување.

Лекот Ивермектин во форма на таблети е одобрен во ЕУ за третман на некои паразитски инфекции со црви. Ивермектин е исто така одобрен како ветеринарен лек за употреба против паразити во широк спектар на животински видови.

Лековите кои содржат ивермектин не се одобрени за употреба против болеста Ковид-19.

12.03.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега