Лефков „распали“ по Груби: Нема да се спасите ни ти, ни Ковачевски, знаете дека кај Мицкоски нема пардон за криминалот

„Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните“. Вака реагира Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалната мрежа Фејсбук на денешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби, на поставувањето изградба на коридорот 10д, кој кажа дека „Ниту Мицкоски, ниту свети Мицко нема да го сопре градењето на овој проект“.

„Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има. 

Груби ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете“, стои во објавата на Лефков на ФБ.

12.05.2023 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега