Кржаловски: И за Францускиот предлог СДСМ нудеше работни групи, на крај донесе решение какво што сака

Тоа што СДСМ го кажува за вклучување во работни групи, не се прави тоа така. Опозицијата мораше да биде консултирана уште во јули лани пред да биде прифатен францускиот предлог. Тогаш се најавуваа широки консултации, ама се прифати уште првиот ден кога почнаа, изјави политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Тој потенцираше дека не се прават така работите како што прави СДСМ, ако сакате да градите консензус прво ќе ја прашате најголемата опозициска партија, а потоа ќе одите во пошироки консултации.

– Сега со ова дека само ќе се вклучат во работни групи, не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатат. Ќе се вклучат, ако СДСМ рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватскиот модел е прифатив. Ќе остане ДУИ уште да се изјасни, истакна Кржаловски.

Според Кржаловски ВМРО-ДПМНЕ даде предлог и ако биде одбиен, да не ги обвинуваат дека не се проевропски.

-ВМРО-ДПМНЕ кажува дека не може да се прифати било што само да почнат преговорите. Не е толку едноставно, мора да се договорат партиите пред да почне јавна расправа, рече тој.

03.04.2023 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега