Ковачки: Османи и Спасовски само со изјави, без преземање навремени мерки, овозможуваат ескалирање на состојбите

 

Скандалозните изјави на Спасовски и Османи се доказ дека Владата флертува со оние што шират омраза и негаторски ставови кон Македонија. Со ваквиот однос само се оправдуваат нивните неразумни чекори и барања, а тоа го прават само од ним познати причини. Секогаш кога власта попушта пред вакви работи, имаат некој криминал што сакаат да го скријат и затоа се ранливи, изјави на денешната прес-конференција, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки додаде дека Спасовски и Османи треба да се свесни дека со вакви изјави и со непреземање навремени мерки само овозможуваат ескалирање на состојбите и ризикуваат вжештување на односите помеѓу двете држави. Недржавничкиот однос, кој власта го покажува на дело кон сопствениот народ, е најголемиот пораз што може да ѝ се случи на Македонија.

 
25.01.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега