Ковачевски: Со „Отворен Балкан" го задржуваме фокусот на стабилноста во регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за српскиот весник ‘Политика’, прашан за војната во Украина и дали малите земји можат да ја искористат кризата, одговори дека решението на секое отворено прашање мора да биде исклучиво преку дијалог.

-Несфатливо е во 21 век да се користи оружје, да се убиваат невини луѓе и да се доведува во прашање светскиот мир. Особено е неприфатливо географски поголема земја да употребува сила против помала демократски определена земја, обидувајќи се да ја загрози нејзината независност и територијален интегритет, кажа Ковачевски.

Според него, ова е исклучително опасен преседан кој мора да се отстрани за да се спречат и ризиците тоа да стане практика, бидејќи тогаш би бил загрозен светскиот мир.

- Дипломатијата и моливите се средства за комуникација денес и така можеме и мораме да излеземе од овој вител. Барем ние од Балканот тоа најдобро го знаеме. Република Северна Македонија, Србија и Албанија во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ја подобруваат регионалната соработка, а со тоа ја зајакнуваат меѓусебната доверба. „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес се регионални иницијативи кои зближуваат и охрабруваат да задржиме фокус на одржување на стабилноста и безбедноста на регионот, како и на заедничката стратешка цел – европската интеграција, истакна Ковачевски.

 

25.01.2023 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега