Ковачевски: Пропаднаа лагите на Мицкоски, мнозинството е стабилно

Мнозинството е стабилно, ние имаме стабилно мнозинство во Собранието а на гласањето за изборот на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, пропаднаа сите најави на Мицкоски за ново мнозинство, рече во интервју на Сител телевизија, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Ние имаме стабилно мнозинство. Самиот Мицкоски зборуваше дека работел на поголемо мнозинство и се покажа дека само пред 1 недела, на гласањето за министерот Пенов како и за уставните судии дека 64 е мнозинството коешто оваа Влада го има во Собранието, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски, додаде дека предвремени избори се друга процедура, не се поврзани со уставни измени и нема да има.

Во интревјуто за Сител телевизија Ковачевски потенцираше дека сите политички партии треба да бидат свесни дека продолжувањето на европскиот пат на државата е прашање за обезбедување на подобра иднина на граѓаните.

-Од нас зависи дали за иднините генерации во оваа држава ќе обезбедиме што побрзо зачленување во ЕУ. Дали сите капацитети ќе ги свртиме кон водење на успешни преговори и како што кажавме до 2030 година со сиот наш капацитет да станеме полноправна членка на ЕУ. Бидејќи членството во ЕУ не е само политичко прашање, не е само интеграција сама по себе, тоа е прашање на обезбедување на подобра иднина за нашите генерации, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија.

 

07.11.2022 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега