Ковачевски: Остваривме перспективи за просперитетна македонска економија

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на почетокот на годинешниот Самит „Македонија 2025“, посветен на просперитетни економии, преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство, а којшто ќе се одржува во следниве два дена во Скопје.

„Низ посветена работа и преку стратешкото лидерство на кое што ги поставивме владините политики изминативе години остваривме перспективи за просперитетна македонска економија. Имено, еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме по 2017 е рестуктурирањето на нашата економија, рече Ковачевски и додаде:

Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст и тогаш за прв пат тогаш почнавме покрај поддршката на странските инвестиции да ги поддржуваме и домашните инвеститори. И ова вроди резултат и покажа дека оваа Влада не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, односно растот на БДП, туку за клучно ја сметавме поддршката на компаниите, бизнисот, за да може да е бизнисот спремен да одговори на предизвиците и да го донесе толку посакуваниот раст и развој во нашата економија.
 Инвеститорите кои што доаѓаат во земјата остануваат и го прошируваат својот бизнис, го зголемуваат бројот на вработените и создаваат додадена вредност на нашата економија. А доколку ги погледнете анализите тогаш ќе забележите дека и нивото на плати, тука имаме и претставници на советот на странски инвеститори дека и нивото на плати веќе не е на ниво на минимална плата, туку веќе е над просечната плата во најголем дел од фабриките кои работат во слободните економски зони, посочува Ковачевски.
26.04.2023 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега