Ковачевски: Не треба да има калкулации за иднината

„Време е да почнеме нова приказна во која Северна Македонија станува европска земја, земја со закон, ред, систем, иднина, подобар живот за сите, за тоа ни е потребен за национално единство за Европската Унија“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба во Собранието.

„На прес-конференцијата, премиерот Ковачевски информираше дека лидерската средба на присутните претседатели на парламентарните партии, им се предадени предлог заклучоци коишто се однесуваат на исполнување и поддршка на стратешките цели и евроинтеграцискиот процес од страна на парламентарните партии, како и на обврските на Владата во преговарачкиот процес за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија“, се вели во соопштението на неговиот Кабинет.

07.11.2022 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега