Ковачевски: Ќе бидам премиер уште 11 години

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во телевизиско интервју за Канал 5 рече дека ќе биде премиер уште 11 години.

Тој ова го потврди на крајот од емисијата кога водителот го потсети дека на минатото интервју рекол дека ќе владее 12 години, по што Ковачевски додаде дека сега остануваат уште 11 години.

Претходно со најдолг стаж на владеење во Македоника беше Никола Груевски.

За разлика од идејата на Ковачевски за 12 годишно владеење, претходникот Заев велеше дека тоа не е здраво за општеството и тој најавуваше дека ќе си замине со крајот на вториот мандат.

Во однос на идејата за предвремени парламентарни избори, Ковачевски ја отфрли како можност, откривајќи дека на средба со амбасадори тој му предложил на Мицкоски да гласаат за уставни измени ша да одат на предвремени парламентарни избори.

11.05.2023 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега