Ковачевски: Европските интеграции се државен интерес за обезбедување подобра иднина


Членството во ЕУ не е само политичко прашање, не е само интеграција сама по себе, тоа е прашање на обезбедување на подобра иднина за нашите генерации, порача вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Дневникот на Сител Телевизија.

„Продолжувањето на европскиот пат во државата и отворањето на кластерите зависи исклучиво од нас. Од нас зависи дали за иднините генерации во оваа држава ќе обезбедиме што побрзо зачленување во ЕУ. Дали сите капацитети ќе ги свртиме кон водење на успешни преговори и како што кажавме до 2030 година со сиот наш капацитет да станеме полноправна членка на ЕУ. Бидејќи членството во ЕУ не е само политичко прашање, не е само интеграција сама по себе, тоа е прашање на обезбедување на подобра иднина за нашите генерации“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека интеграцијата во ЕУ е државен интерес на чие остварување се дејствува 31 година, од денот на независноста.

„Процесот на евроинтеграции не е процес а една единствена политичка партија. Процесот на европска интеграција е нешто коешто го имаме добиено од нашите предци пред 31 година кои формираа независна држава. Ние како држава тогаш се определивме за членство во НАТО и ЕУ. Станавме членка на НАТО, сега ќе станеме членка и на ЕУ. Тоа не е прашање на политичка одговорност туку е повеќе прашање на политичка визија од страна на сите политички партии кои што се застапени во парламентот да го реализираат тоа што државата го има поставено како цел“ заклучи Ковачевски.

07.11.2022 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега