Касами: Со уставните измени да се отстрани терминот „20 отсто“

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, вечерва во „Клик плус“ рече дека доколку се отвори уставот за евроинтегративните прашања, треба да се отстрани терминот „20%“ за Албанците. Тој рече дека албанскиот народ бара разбирање од своите сограѓани Македонци, за да ги разбере и овие неопходни промени за нив.

„Во овој амандман на уставот треба да се вметне и прашањето поврзано со албанскиот јазик. 20-те проценти во уставот се однесуваат исклучиво на албанскиот јазик. Затоа бараме разбирање, како што македонскиот народ бара нас, ние бараме разбирање за 20-те проценти. Затоа побаравме да седнеме со сите албански партии да разговараме за ова прашање. Сметавме дека е најпогоден момент за албанските партии да седнат и да разговараат за ова прашање“, рече Касами.

07.11.2022 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега