Каевски: Антикорупциската комисија да отвори предмет за случајот Парцели во Лисиче

 

СДСМ побара од антикорупциската комисија да отвори предмет за случајот Парцели во Лисиче.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски рече дека наместо проекти, развој и повеќе зеленило, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ донеле бетонизација на општините со кои раководат.

„Во Деталниот урбанистички план за Лисиче од страна на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ, во реон на семејни куќи предвидува изградба на висококатници. Но освен предвидените згради, овој ДУП е спорен и со фактот што парцелите каде се предвидени маркичките за градба се претходно купени од страна на градежни инвеститори, што отвора сомнеж дека тие можеби знаеле каде ќе се градат згради па затоа купиле парцели од над илјада метри квадратни. Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај“, порача Каевски.

Претходно денес Муцунски на прес-конференција изјави дека со обвинувањата за ДУП-от владејачката коалиција се обидува да направи дефокус, но и да ги затскрие сопствените крупни коруптивни скандали.

На локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче, според Муцунски не станува збор за изградба на стотици згради и наводно некакво „бетонирање“, напротив станува збор за детален урбанистички план кој подразбира изградба на околу 95 отсто објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој за првпат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче.

18.04.2023 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега