Јаулевски: Ковачевски ги гледаше во очи и ги излажа студентите

Во попладневните часови во ноември Премиерот триумфално објави слика дека постигнал договор со студентите. Имено, согласно тогашниот договор се продолжи примената на законот за субвенциониран студентски оброк до март 2023та година со ветување дека во период од 5 месеци ќе се формираат работни групи и ќе биде изгласан нов закон кој ќе содржи системско решение, а ќе биде плод на договор меѓу студентите и институциите. Помина половина март, а таков Закон во Собранието нема. Студентите се жртва на политиката на СДСМ и ДУИ „купи ден, помини“. Од инат, не ја прифатија сугестијата на ВМРО – ДПМНЕ законот да важи до крајот на академската година, ијзави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулевски.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Јаулевски:

На Таче му се кратки нозете. Ги гледаше во очи и ги излажа студентите.

Токму тука, во Собранието, во попладневните часови во ноември Премиерот триумфално објави слика дека постигнал договор со студентите.

Имено, согласно тогашниот договор се продолжи примената на законот за субвенциониран студентски оброк до март 2023та година со ветување дека во период од 5 месеци ќе се формираат работни групи и ќе биде изгласан нов закон кој ќе содржи системско решение, а ќе биде плод на договор меѓу студентите и институциите.

Помина половина март, а таков Закон во Собранието нема. Студентите се жртва на политиката на СДСМ и ДУИ „купи ден, помини“. Од инат, не ја прифатија сугестијата на ВМРО – ДПМНЕ законот да важи до крајот на академската година.

 

Почитувани студенти,

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе предлог Закон со кој вредноста на субвенционираниот студентски оброк ќе биде 160 наместо моменталните 120 денари, а исплатата на истиот ќе биде до крај на оваа академска година, а не заклучно со март 2023та. Тоа е нашето прво барање. Талат Џафери да не го блокира овој предлог закон и уште во четврток да се најде на пленарна седница. Ботовите на Таче т.е. пратениците на СДСМ нека направат нешто добро за иднината на Македонија, за 30.000 студенти и нека го прифатат нашиот предлог.

Нашето второ барање е во месеците што претстојат е Клубот за млади во рамки на Собранието на Република Македонија да биде модератор за изработка на новото законско решение за Законот за субвенциониран студентски оброк. Министрите од ДУИ очигледно се зафатени со асистенции и шутирање слободни во канцеларијата на Груби и токму затоа се неподобни да го води процесот од кој зависат десетици илјади млади луѓе. Колегите од власта можат да покажат дали имаат капацитет и право на сопствено мислење само со прифаќање на нашето второ барање со што консезуално ќе донесеме Закон од кој бенефит ќе имаат студентите, појасни Јаулевски.

14.03.2023 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега