Јаулески: Пи-арот не се јаде, граѓаните не можат да живеат од реклами и пи-арот на премиерот

Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески истакна дека не можат да се крадат граѓаните, а власта тоа  да го правда со стратешки цели и граѓаните не можат да живеат од реклами.

„Легитимно е, може секој политичар да се рекламира на социјални мрежи, дали да даде пари или не, но овде не е само промоцијата на социјални мрежи, не заборавајте дека за премиерот работат и внатре 80 луѓе кои што се задолжени за пи-ар за маркетинг, тоа нас граѓаните не чини 200 илјади евра на месечно ниво. Но граѓаните не можат да живеат од реклами, граѓаните не можат да живеат од пи-арот на премиерот. На граѓаните им се потребни конкретни политики што тој ќе направи“, истакна Јаулески.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нагласи и дека на Македонија и се неопходни инфраструктурни проекти. 

„Еве во здравството,  нема Клинички центар кога веќе спомнуваме инфраструктурни проекти. Не е проблемот дали на Македонија и е  потребен коридорот 8, на Македонија и е потребна инфраструктура се со цел да бидеме економски развиена земја да може да се поврзат туристички центри еве да излеземе и побргу на пристаништето Драч да има интерес за странските инвеститори тука да инвестираат но јас повторно ќе кажам не на начин на кој што некој проект чини 7 пати повеќе од реалното“, истакна Јаулески.

04.04.2023 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега